Трагедија го потресе Либан: Во израелски напад на Бејрут загина млада фудбалерка

Трагична вест го потресе Либан и фудбалската заедница во оваа држава. Селин Хајдар, репрезентативката на Либан, го загуби животот во ракетен напад од израелската војска над Бејрут.


Хајдар, која беше погодена од еден од проектилите, поминала неколку часа во критична состојба на интензивна нега, но, за жал, не успеа да се избори за својот живот.

Ракетните напади се случија во јужните предградија на Бејрут, регион кој израелската војска го идентификуваше како упориште на Хезболах. Пред нападите, Израел издаде предупредување за евакуација на цивилите од овој дел на градот.

Сепак, бомбардирањата предизвикаа масовно раселување на населението, додека некои граѓани се враќаат преку ден да ги проверат своите домови и имоти.

Хајдар беше репрезентативка на Либан и членка на Бејрутската фудбалска академија (БФА), која ја потврди трагичната вест. Таа имаше значајна улога во младинските репрезентации на Либан, со кои освои и меѓународни трофеи како дел од селекцијата до 18 години.

- Оглас -

Најнови вести