Словачкиот дефанзивец Милан Шкрињар, кој во летото 2023 година премина во ПСЖ како слободен играч по шест сезони во Интер, би можело да се врати во Серија А веќе во јануари.
Наводно Шкрињар е блиску до потпис со Јувентус, најголемиот ривал на неговиот поранешен клуб Интер. Оваа одлука е резултат на повредата на Глејсон Бремер, што ја остави одбраната на тимот без клучен играч.
Јувентус веќе некое време бара адекватна замена, а Шкрињар се чини како идеално решение.
Овој потенцијален трансфер би можело да предизвика бурни реакции кај навивачите на Интер, со оглед на долгогодишната историја на ривалство меѓу двата клуба.
Од друга страна, Јувентус со ангажманот на Шкрињар би ја добил потребната стабилност и искуство во дефанзивната линија.