Македонската фудбалска репрезентација испишува историски моменти откако ја продолжи победничката низа, и тоа без примен гол. Македонија со 1:0 славеше над Фарски Острови за петти триумф по ред и сите без примен гол, што донесе и рекорд за голманот Столе Димитриевски. Со овој меч фудбалската репрезентација ги заврши обврските на теренот за 2024 година, но следува нешто што е многу важно, а тоа е ждрепката за квалификациите на Светското првенство во 2026 година.
На 13 декември во Цирих ќе биде ждрепката, а јасно е дека Македонија ќе биде во третиот барабан по јачина. Познати се вкупно 11 селекции од планираните 12 кои ќе бидат дел од третиот шешир.
На ждрепката вкупно 54 репрезентации ќе бидат поделени во пет барабани. Во првите четири ќе има по 12 селекции, а во последниот петти ќе бидат најслабите шест. Уште два дена има за да се доиграат сите натпревари во Лигата на нациите, а веќе 46 од 54 селекции имаат загарантирано место во кој барабан.
Со Македонија во ист барабан се и Словенија, Ирска, Финска, Грузија, Албанија, Исланд, Северна Ирска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Израел, што значи дека овие земји не може да бидат наши ривали во квалификациите за СП 2026 година.
Јасно е дека во најсилниот прв барабан ќе бидат: Франција, Шпанија, Англија, Белгија, Холандија, Португалија, Италија, Германија, Хрватска и Швајцарија.
Во вториот барабан сигурни се: Украина, Турција, Шведска, Велс, Полска, Унгарија и Грција.
Комплетиран е четвртиот барабан и таму се: Бугарија, Луксембург, Белорусија, Ерменија, Косово, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Летонија, Фарски Острови и Литванија.
Во најслаборангираниот барабан се: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн и Сан Марино.
ФИФА реши ждрепката за Мундијалот во 2026 година да биде уникатна и да не биде правена рачно, туку компјутерски.
46/54 teams are locked ✅ in a WC qualifying pot they’re in.
✅ in Pot 1: 🇫🇷🇪🇸🏴🇧🇪🇳🇱🇵🇹🇮🇹🇩🇪🇭🇷🇨🇭
✅ in Pot 2: 🇺🇦🇹🇷🇸🇪🏴🇵🇱🇭🇺🇬🇷
✅ in Pot 3: 🇸🇮🇮🇪🇫🇮🇬🇪🇦🇱🇲🇰🇮🇸NIR🇧🇦🇲🇪🇮🇱
✅ in Pot 4: 🇧🇬🇱🇺🇧🇾🇦🇲🇽🇰🇰🇿🇦🇿🇪🇪🇨🇾🇱🇻🇫🇴🇱🇹
✅ in Pot 5: 🇲🇩🇲🇹🇦🇩🇬🇮🇱🇮🇸🇲Only 8 teams are still fighting to keep or improve…
— Football Meets Data (@fmeetsdata) November 17, 2024