Некогашниот капитен на Арсенал, Патрик Виера, ќе биде новиот тренер на италијанскиот калчолигаш Џенова. Според пишувањата на повеќе медиуми, Виера ќе го наследи Алберто Џилардино.
Џенова имаше слаб старт во новата сезона во Серија А и освои само 10 бода во првите 12 кола, па е во опасност дека може и да испадне.
Виера имаше одлична фудбалска кариера, а откако во 2011 година замина во фудбалска пензија, се посвети на тренерската работа. Работеше во младинскиот тим на Манчестер сити, а потоа и во Њујорк сити, Ница, Кристал палас и Стразбур.
Patrick Vieira is set to sign as Genoa’s new head coach, replacing Gilardino. The club also recently signed Mario Balotelli. pic.twitter.com/5X7SEnPdev
— Carol Radull (@CarolRadull) November 19, 2024