Големиот талент на Црвена ѕвезда, Андрија Максимовиќ, сосема е извесно дека брзо ќе го напушти Белград и кариерата ќе ја продолжи во некоја од топ-5 европските лиги. Црвено-белите за него очекуваат околу 20 милиони евра, па првата понуда од Јувентус, која изнесуваше пет милиони евра, беше експресно одбиена.
Иако се најавуваше дека интерес има и од Манчестер сити, сепак Црвена ѕвезда и Максимовиќ ќе треба да бираат помеѓу Челзи и Ливерпул, со оглед на тоа дека токму премиерлигашите се најзагреани за неговите услуги.
Седумнаесетгодишниот фудбалер досега има 14 настапи за сениорската екипа на Црвено-белите, од кои 12 се оваа сезона, а забележа и три настапи за репрезентацијата на Србија. Максимовиќ е најмладиот дебатант во националната селекција на нашиот северен сосед.