УЕФА треба да ѝ исплати над седум милиони евра на Русија

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ќе префрли приближно 7,6 милиони евра солидарни исплати на Руската фудбалска унија за сезоните 2023/2024 и 2024/2025 година. Ова е јасно од документите објавени на веб-страницата на организацијата, објавија тамошните медиуми.

Русија, како земја-членка на здружението чии клубови не учествуваа во групната фаза од Лигата на шампионите во минатата и тековната сезона, има право на 3,381, односно 4,224 милиони евра за секое од изданијата.

Плаќањата се наменети за поддршка на младинскиот фудбал и мора да се направат пред завршување на тековната сезона.

На руските фудбалски тимови им е забрането учество во сите натпреварувања во организација на ФИФА и УЕФА од 2022 година, кога започна инвазијата на руската армија во Украина.

- Оглас -

Најнови вести