Аргентина минимално со 1:0 го победи Перу во меч од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во 2026 година. Лаутаро Мартинес беше стрелец на единствениот гол во 55-тата минута, по асистенцијата на Лионел Меси. Гаучосите со оваа победа се зацврстија на првото место на табелата со 25 бода од 12 натпревари.
WHAT AN ASSIST BY LEO MESSI AND SUPERB FINISH BY LAUTARO 🥶🥶
📹 – @M10GOAT
— Leo Messi 🔟 Fan Club (@WeAreMessi) November 20, 2024
Во дербито на вечерта, Бразил и Уругвај ремизираа 1:1, резултат кој многу повеќе им одговараше на гостите. Уругвај поведе со голот на Валверде во 55-тата минута, а израмни Герсон само седум минути подоцна. Сега Уругвај има 20 бода и е на второто место на табелата, додека Бразил со 18 бодови е на петата позиција.
Чиле го искористи домашниот терен и со 4:2 ја победи Венецуела, а Еквадор направи изненадување и на гости, минимално со 1:0 ја победи Колумбија.