Барселона и Реал Мадрид зимава ќе водат голема битка за ангажманот на 18-годишен фудбалер на Малага и репрезентативец на Шпанија до 19 години. Се работи за Антонио Кордери, или познат како Антонито, кој може да настапува на крилните позиции, но и како офанзивен играч за врска.
Неговиот договор со второлигашот Малага завршува налето, но тој веќе одби да го продолжи и сака да потпише за голем клуб. Токму затоа трансферот на Антонито може да се случи веќе во јануари бидејќи Малага сака и да заработи на неговиот трансфер. Вредноста на 18-годишниот фудбалер е само два милиони евра, но обесштетувањето сигурно ќе биде повисоко, а ќе бидат вклучени и дополнителни бонуси.
Антонито кариерата ја започна во Бетис, а од 2021 е дел од Малага.