Машката кошаркарска репрезентација на Македонија утре против Литванија од 18 часот во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје ќе го игра натпреварот од третото коло во квалификациите за пласман на Евробаскетот 2025 година, а гостите се апсолутни фаворити според квотите во Sport Life.
Букмејкерите воопшто не веруваат во некомплетната македонска репрезентација (и Литванија е некомплетна, од оние што се во НБА или Евролигата ќе игра само еден кошаркар).
Имате 150 опции за обложување, но не постои можност да уплатите на победа на Литванија, додека квотата за победа на избраниците на Алек Јончевски е над 20.
Иако Македонија игра дома, како однапред да е отпишана и ова може да биде и мотив за Црвено-жолтите да шокираат, слично како пред 13 години, кога среде Каунас ја елиминиравме Литванија во четвртфиналето на ЕП.
Меѓу игрите на кои може да типувате е и со колкава разлика ќе биде поразот на нашите кошаркари. Најниската хендикеп граница е на 19.50 поени. Ако верувате дека Македонија ќе победи, или ќе загуби до 19 поени разлика, добивате одлична квота од 2.35.