Славен Црногорец станува потпретседател на фудбалскиот сојуз на Србија

Српските медиуми најавуваат дека е можно Предраг Мијатовиќ да стане потпретседател на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Легендарниот Црногорец од неодамна е одговорен за спортскиот дел во привременото раководство на клубот Партизан, а сега може да добие уште една функција во српскиот фудбал, и тоа како еден од тројцата потпретседатели на ФСС.

Мијатовиќ во изминатиот период даваше изјави со кои го бранеше претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а првиот човек на Србија одамна е омразена фигура меѓу фановите на Црно-белите бидејќи сметаат дека тој е одговорен за падот на тимот.

- Оглас -

Најнови вести