Португалскиот стратег Жозе Мурињо изразил желба во јануарскиот преоден рок Фенербахче во своите редови да го доведе играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Кристијан Ериксен.
Данскиот репрезентативец е незадоволен од ограничената минутажа што ја добива на „Олд Трафорд“ и се очекува да го напушти клубот на крајот од сезоната, кога му истекува договорот.
Сепак, турскиот гигант ќе се обиде да го ангажира уште во зимскиот преоден рок.
Ериксен соработуваше со Мурињо за време на неговиот престој во Тотенхем. Данецот ќе почека да види колкава минутажа ќе добие под водство на новиот менаџер Рубен Аморим, но шансите за значителна промена на неговата улога се минимални.
Авантуристичкиот проект на Мурињо во Турција засега не оди според планот. И покрај тоа што Фенербахче реализира една од најскапите трансферни кампањи во историјата на клубот, засега тешко може резулататски да го следи Галатасарај во борбата за врвот во турското првенство.