Бразилскиот фудбалер Ендрик во Реал Мадрид пристигна како големо засилување и беше најавуван како новата ѕвезда на екипата. Кралевите за него му платија 47,5 милиони евра на Палмеирас, но Ендрик оваа сезона одигра само 122 минути и постигна само два гола, и тоа во 94-тата минута против Ваљадолид и во 95-тата минута против Штутгарт.
Британските медиуми пренесуваат дека 18-годишниот Ендрик уште во јануари ќе го напушти Реал Мадрид и ќе оди на позајмица во Премиер лигата, и тоа не каде било, туку кај последнопласираната екипа. Саутхемптон оваа сезона мака мачи со ефикасноста, па во Бразилецот гледаат спас за лошата сезона.