Влаховиќ веќе нема да игра за Јувентус, ќе биде продаден уште во јануари?!

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ и тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, веќе подолг период не се во добри односи, а Србинот одби да потпише и нов договор со клубот, па ги залади односите и со раководството на Старата дама.

Уште поголем проблем може да биде повредата која ја заработи со репрезентацијата, па сега нема да може да биде во комбинација за натпреварите против Милан и Астон вила, но и изјавите кои ги даваше додека беше на репрезентативниот собир се чини дека ќе го натераат раководството да го продаде уште во јануарскиот преоден рок.

Се шпекулира дека Арсенал е подготвен да плати за него 70 милиони евра, а Јувентус ќе ја прифати оваа понуда. Влаховиќ за Јувентус одигра 117 натпревари, на кои постигна 50 гола и забележа 10 асистенции, што според навивачите, е премалку за фудбалер кој е купен за 80 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести