Пеги е супернавивачка, го бодри тимот од 1939 година и уште е редовна на трибините! (Видео)

Госпоѓата Пеги Копом е една од најверните и најпосебни навивачки на светот, таа неодамна наполни 100 години, а верувале или не, својот омилен тим го гледа од трибините уште од далечната 1939 година.

Пеги навива за универзитетскиот тим на Колорадо бафалос во американски фудбал. За 100-тиот роденден доби подарок торта со нејзиниот лик и боите на тимот Бафалос, а особено емотивен беше моментот кога целиот стадион ѝ запеа „Среќен роденден“.

- Оглас -

Најнови вести