Реал Мадрид организира аукција која ќе трае до 26 ноември, а на која на продажба е соблекувалната која Кралскиот клуб ја има користено од 2001 до 2022 година. Шпанскиот гигант пред две години направи големо реновирање и проширување на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а тогаш комплетно беше обновена и соблекувалната.
Вкупно 24-те шкафчиња кои во минатото ги користеле ѕвезди како што се Кристијано Роналдо, Дејвид Бекам, Зинедин Зидан, Луиш Фиго, Роберто Карлос, Серхио Рамос, Карим Бензема, Лука Модриќ, Винисиус и другите нема да бидат фрлени во отпад, туку ќе завршат како сувенири кај некои фанови.
Секое шкафче има почетна цена од 12.000 евра, а оној кој најмногу ќе понуди, ќе добие и сертификат и автентичен потпис од фудбалерот кој го користел тоа шкафче.