Роналдо: Ќе живеам 100 години

Кристијано Роналдо покажува дека е неверојатен и надвор од теренот, односно пред камерите на неговото шоу на подкастот кој неодамна го направи. Во најновата епизода, гостин на Роналдо беше најпопуларниот јутјубер во светот, MrBeasta.

Португалската фудбалска ѕвезда во август го отвори својот официјален подкаст и веќе има над 67 милиони следбеници. Неговиот последен гостин, јутјуберот од САД чие име е Џими Доналдсон, а е познат како MrBeasta има 320 милиони следбеници.

Во разговорот меѓу двете светски ѕвезди, Роналдо потсети дека за два месеци ќе полни 40 години, па MrBeasta му реплицираше дека треба да му се ближи фудбалската пензија. Роналдо со насмевка на лицето му одговори: “Колку само да ти кажам, ќе живеам 100 години. Играчите во фудбалот најчесто одат во пензија на 33,34 или 36 години“.

Роналдо беше запрашан дали може да се случи тој да се најде во улога на Леброн Џејмс кој дочека да биде заедно во ист тим со неговиот син. Синот на Кристијано има 14 години, што значи дека е малку веројатно тоа да се случи.

- Оглас -

Најнови вести