Јончевски: Бевме меки во првото полувреме, мора да бидеме поагресивни

Македонскиот селектор Александар Јончевски по поразот од Литванија истакна дека проблем бил влезот во мечот и слабата агресивност.

„Бевме меки и бевме изненадени од нивниот пристап. Во моментот кога сфативме дека мора да имаме поголема енергија, беше подобро, ја сменивме одбраната имаше добри делови и поени од контри. Ќе анализираме, особено првото полувреме за подобро да се претставиме за три дена. Верувам дека таму и Димитријевиќ ќе игра, но клучно е што треба да го смениме односот од самиот почеток“, рече Јончевски.

„Ни фалеа неколку играчи, имавме голем проблем со скокот. Следниот меч сигурно ќе биде подобро и се надевам на подобар резултат. Од почеток Литванците наметнаа агресивна игра, судиите дозволуваа контакти“, изјави првиот стрелец Кристијан Николов.

Гостите беа задоволни од резултатот.

„Одбраната беше добра, иако не бевме агресивни во сите 40 минути. Ги немавме најдобрите играчи, стратегијата ни беше добра. Нема да менуваме ништо, и в недела ќе играат истите“, рече литванскиот селектор Римас Куртинаитис.

- Оглас -

Најнови вести