Навивач бара 50 милиони долари отштета поради лошиот пренос на борбата меѓу Тајсон и Пол

Маж по име Роналд Дентон од Флорида покрена групна тужба против „Нетфликс“ поради лошиот квалитет на стримингот што го гледаа милиони луѓе за бокс мечот меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол.

Дентон тврди дека „Нетфликс“ е виновен поради кршењето на договорот поради честите препреки на преносот, пренесува ТМЗ. Тужбата е поднесена пред државниот суд во Флорида и човекот бара отштета од најмалку 50 милиони долари.

„Шеесет милиони Американци беа возбудени да го гледаат бокс дуелот меѓу Мајкл Тајсон и Џејк Пол. Тоа што го видоа беше најлошиот стрим на планетата“, стои во тужбата.

Многу гледачи пропуштиле дел од борбата поради честите прекини во преносот.

Цитирајќи повеќе од 100.000 луѓе кои се жалат на интернет, во тужбата се наведува дека љубителите на боксот, заедно со просечните Американци кои сакале да ја видат легендата веројатно во неговата последна борба се соочиле со проблеми, вклучувајќи: недостапен пристап, грешки во преносот и проблеми со звукот.

Во меѓувреме, „Нетфликс“ во саботата објави дека натпреварот го гледале 60 милиони гледачи ширум светот, а кулминација било кога во еден ист момент имало 65 милиони гледачи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести