Според многумина најдобриот фудбалер во историјата, Лионел Меси, веќе има 37 години и полека но сигурно размислува за фудбалска пензија, но и за тоа што ќе прави после фудбалот. Вели дека неговата желба, но и желбата на неговото семејство е да се вратат во Барселона и таму да живеат.
„Оваа денешна Барселона со Ханси Флик е спектакуларна. Убаво е да се гледаат како играат, но не сум изненаден. Бев во Барселона од мојата 13-та година. Играчите од Ла Масија го познаваат овој клуб подобро од било кој и нормално е да играат одлично кога ќе добијат шанса. Планирам со сопругата и децата да се вратам во Барселона и да таму да живееме. На сите нас ни недостига Барселона. Имаме таму пријатели. Моите деца се Каталонци, поголемиот дел од мојот живот го минав во Барселона. Чувствувам дека тоа е мојот дом и многу ми недостига. Никогаш не знаеш каде ќе те однесе животот, но сакам Барселона да биде мојот дом во кој ќе живеам.“ – вели Меси.