Гвардиола ветува: Дури Сити и да биде исфрлен од Премиер лигата, ќе останам со екипата

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ја имаше првата прес-конференција по веста за новиот договор што го потпиша со клубот. Шпанецот ќе остане во клубот до јуни 2027 година, а сега ја образложи својата одлука, повторувајќи дека дури и ако тимот биде исфрлен од Премиер лигата, тој ќе остане во клубот.

„Ако испаднеме од Премиер лигата, јас ќе останам во клубот“, јасно потенцираше Гвардиола.

Шпанскиот стратег објасни и која е разлката меѓу Сити и останатите клубови.

„Почувствував дека морам да останам затоа што ме сакаа, се разбира, од очигледни причини – резултатите. Освен тоа, се познаваме долго време. Сите одлуки во мојот живот се засноваат на тоа како се чувствувам во тој одреден момент. Го направивме тоа за два часа. Зошто две години? Главно затоа што не сакам да бидам на позицијата „ова е крајот на Пеп“ во септември, октомври или ноември следната година. Би сакал да останам две години, но знам дека ако резултатите не се добри, нема да бидат толку долги. Можеби е малку арогантно, но мислам дека заслужуваме да продолжиме поради она што го направивме во последните години. Но, во исто време мораме да го направиме тоа повторно, мораме да бидеме на врвот. Ако не успееме, клубот мора да најде решение. Можеме да загубиме четири натпревари по ред, но можеме и да победиме толку многу. Разликата е во тоа што повеќето тимови можат да загубат четири последователни натпревари, но само еден може да освои четири титули во низа“, рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести