Срамно е тоа што го направи косовскиот репрезентативец, веднаш доби црвен картон (Видео)

Мајорка стигна до вредна победа на гостувањето кај Лас Палмас, победувајќи со 3:2 во меч од 14 коло на шпанската Примера дивисион. Сите пет голови беа постигнати во второто полувреме, а Мајорка два пати реализираше за водство од 2:0, но домаќините не се предадоа.

Лас Палмас со погодоците во 77 и 83 минута стигна до 2:2, но сепак Мајорка беше таа што се радуваше на триумф и тоа со гол во судиското надополнување.

Триумфот на Мајорка е уште повредна ако се знае дека победничкиот гол беше постигнат кога гостите беа со играч помалку на теренот. Косовскиот репрезентативец и член на Мајорка, Ведат Муриќи доби црвен картон поради покажување на „среден прст“ на противникот. Тој инцидент се случи во 87 минута, кога Муриќи го „почести“ противничкиот играч Мата со срамотна гестикулација.

По реакција од ВАР собата, главниот судија гледаше повторена снимка на целата ситуација и на крајот реши да го исклучи Муриќи од игра. Неспортскиот потег на Муриќи може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести