Екипата на Расинг клуб се радуваше на трофејот во Копа Судамерикана, натпреварување кое е пандан на Лигата на Европа што го организира УЕФА. Во големото финале кое се играше во главниот град на Парагвај, Асунсион, Расинг со 3:1 го победи Крузеиро со 3:1. За Расинг ова е прв трофеј во ова натпреварување, но и прв трофеј по пауза од 36 години.
Фудбалерите на Расинг започнаа офанзивно. Прво дадоа гол во третата минута, но беше поништен. Затоа, регуларни беа погодоците во 15 и 20 минута кога аргентинскиот тим стигна до солидна предност. Посебно добар беше голот за 1:0.
Racing [1] x [0] Cruzeiro – Gastón Martinera 15′
byu/carnageandculture infutebol
Крузеиро намали на 1:2 на почетокот на второто полувреме, а кога бразилската екипа тргна на „се или ништо“, во финишот, Расинг клуб даде и трет погодок во 90+5 минута за конечни 3:1.