Макс Ферстапен е нов шампион во Формула 1, откако денеска во Лас Веас, го освои петтото место, но повторно се најде пред единствениот конкурент, Ландо Норис кој заврши на шестата позиција.
Холанѓанецот стана шести возач кој може да се пофали со четири или повеќе шампионски титули во историјата на најбрзиот циклус.
„Вива, Лас Вегас. Ви благодарам момци за оваа неверојатна сезона“, изјави Ферстапен веднаш по триумфот, делејќи ги заслугите и за оваа четврта последовна титула со механичарите и сите останати од својот тим.
Џорџ Расел е победникот на Големата награда на Лас Вегас, пред Луис Хамилтон, а Карлос Саинц исто така доби место на подиумот.
Британецот го задржа првото место на почетокот, но беше под притисок од Шарл Леклер во борбата за водство и беше блиску до губење на позицијата на почетокот од петтиот круг. Сепак, пилотот на Мерцедес го зголеми темпото и практично ја загуби првата позиција само за една обиколка за време на првите застанувања во боксот.
На второто место заврши Луис Хамилтон, кој ја искористи одличната брзина на Мерцедес овој викенд за да напредува од десеттата стартна позиција и да ја обезбеди двојната победа на Сребрените стрели во Градот на гревот.
Седумкратниот шампион имаше многу силен завршен период, во кој се обиде да го стигне својот тимски колега, но заостанувањето од почетокот беше премногу големо. На крајот, двајцата пилоти на Мерцедес беа разделени со 7,3 секунди.
На третото и четвртото место финишираа тимските колеги од Ферари, Карлос Саинц и Шарл Леклер, кои во последните кругови успеаја да го достигнат и Макс Ферстапен. За Холанѓанецот, сепак, тоа не беше никаков проблем, бидејќи со петтото место денес ја обезбеди својата четврта последовна светска титула.
Неговиот единствен ривал пред стартот, Ландо Норис, финишираше шести и го освои дополнителниот бод за најбрзиот круг. Оскар Пјастри, Нико Хулкенберг, Јуки Цунода и Серхио Перес ја комплетираа зоната за бодови на 22-та трка од сезоната во Формула 1.