Реал Мадрид во јануари враќа на „Бернабеу“ еден од играчите со кој освои многу трофеи

Реал Мадрид може да направи неочекуван потег на трансферниот пазар во јануари, разгледувајќи ја можноста за враќање на Касемиро од Манчестер Јунајтед, пишува шпанските медиуми.

На „Сантијаго Бернабеу“ забележале дека заминувањето на Тони Крос оставило голема празнина во средината на теренот. Токму затоа сметаат дека искусниот бразилски фудбалер би можел да го засили тимот, не само со својата игра на теренот, туку и со влијанието што го има во соблекувалната.


Реал Мадрид оваа сезона покажува одредени нестабилности, што дополнително ја зголемува потребата од ваков играч.

Касемиро, кој има 32 години, е под договор со Манчестер јунајтед до 2026 година, но неговата улога на „Олд Трафорд“ повеќе не е толку сигурна. Затоа, Црвените ѓаволи можеби нема да се спротивстават на трансферот, доколку добијат добра понуда.

Сепак, тешко дека Манчестер јунајтед ќе успее да ја врати сумата од 70 милиони евра што ја плати за него во 2022 година.

Касемиро помина значителен дел од својата кариера во Реал Мадрид, играјќи таму од 2015 до 2022 година. За Кралскиот клуб одигра 336 натпревари, постигна 31 гол и запиша 29 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести