Ливерпул и Реал се зицери, Рубен Аморим ќе тргне со победа во Манчестер јунајтед

1008 Саутемптон – Ливерпул (15.00)
Ова е дуел на последнопласираниот и на првопласираниот тим во Премиер лигата. Ливерпул играше одлично пред паузата и се очекува да продолжи во ист стил, барем на ова гостување. Предлогот е да се одигра „двојка“, но и на мечот да бидат постигнати од три до пет гола.
Предлог тип: 2 & 3-5 (2.11)

1009 Ипсвич – Манчестер јунајтед (17.30)
Деби на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим. Сигурно дека не е волшебник за веднаш да ги намести коцките, но сигурно дека ќе донесе нова енергија за тимот. Се очекува Ѓаволите да одиграат поквалитетно, а иако Ипсвич воопшто не е тим за потценување, посебно не на домашен терен, типот е триумф на Манчестер јунајтед и најмалку два постигнати гола за гостите.
Предлог тип: 2 & T2 2+ (1.82)

3007 Наполи – Рома (18.00)
Наполи сака да се врати на врвот, но Рома веројатно ќе добие нов залет со доаѓањето на Клаудио Раниери. Ова е сепак дерби, па нашиот предлог е домаќинот да не загуби, а на мечот да бидат постигнати од еден до три гола.
Предлог тип: 1X & 1-3 (1.82)

1309 Леганес – Реал Мадрид (18.30)
Интересно е дека Реал Мадрид нема победа на последните три гостувања против Леганес, а Карло Анчелоти има големи проблеми и со ростерот, посебно во одбраната. Но, Реал нема друг избор, мора да оди на победа, па затоа и типуваме дека ќе има најмалку два, а најмногу пет гола на овој меч.
Предлог тип: 2 & 2-5 (1.80)

1958 Бешикташ – Гезтепе (17.00)
Гезтепе е еден тим на домашен терен, а сосема поинаков на гостувањата. Има три порази по ред кога гостува, а најчесто тие се изразени и со повеќе примени голови. Предлогот е дека трендот ќе продолжи и дека Гезтепе ќе загуби убедливо на гостувањето против Бешикташ.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.15)

- Оглас -

Најнови вести