Барселона го имаше најлошото дефанзивно полувреме во последните седум години

Барселона прокоцка два гола предност на гостувањето кај Селта Виго и на крајот одигра 2:2, во меч од 14. коло на Примера дивисион. Каталонскиот гигант водеше со 2:0 до неколку минути пред крајот, а потоа се случи пад во играта, па Селта постигна два гола и се спаси од пораз.

Дека не случајни беа погодоците на Селта во второто полувреме покажува и статистиката. Тимот од Виго упати дури седум шута во рамките на голот на Барселона и тоа само во второто полувреме, што само зборува колку беа конкретни домаќините. Тоа се најмногу шутеви што некој тим ги упатил во рамките на голот на Барселона во второто полувреме во последните седум и пол години.

Вака лоша одбрана Барселона немала од април 2017 година кога на мечот против Реал Мадрид, Кралевите имале дури осум шута во рамките на голот на Барселона во второто полувреме.

 

- Оглас -

Најнови вести