Репрезентативната пауза заврши и повторно е време за македонски фудбал на домашните терени. Денеска (13 часот) се игра 15.коло, а Вардар ќе се обиде да продолжи во позитивен тренд под раководство на новиот тренер Гоце Седлоски, откако пред две недели го победи Шкупи со 3-2 во градската пресметка.
Вардарци сега гостуваат во Охрид и ќе играат против Воска Спорт во еден од директните дуели од опасната зона на табелата.
Во пресрет на овој меч и двете екипи имаат по 11 бодови и се на делба на претпоследното место на табелата. Ова јасно покажува и колку е важен овој меч и за двете екипи.
Според традицијата, Воска Спорт и Вардар досега се имаат сретнато девет пати. Воска славела на шест, а Вардар на три натпревари и интересно е тоа што досега нема реми.
Шампионот Струга Трим Лум гостува кај Брера во Струмица, а Гостивар на стадионот „Борис Трајковски“ го пречекува Тиквеш.
Натпреварите од 15.коло во Првата фудбалска лига, секако, со квоти се наоѓаат и во денешната понуда на Sport Life.
Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ ќе игра против Беса, а Шкупи на Чаир е домаќин на Силекс.
Од 17 часот се игра натпреварот меѓу Пелистер и Шкендија во Битола.