Барселона освои само седум од можните 15 бодови во последните пет кола во шпанското првенство, што дава шанса на Реал Мадрид да се доближи веднаш зад најголемиот ривал. Кралскиот клуб денеска гостува кај Леганес во меч на Реал е голем фаворит за победа.
Најавите се дека Карло Анчелоти уште од самиот старт ќе започне офанзивно кон голот на домаќините. Се очекува во офанзивната линија на Реал во стартниот состав да бидат Винисиус Јуниор, Килијан Мбапе, Брахим Дијаз и Џуд Белингам.
Реал сезонава има две победи и три нерешени на гостувањата, додека Леганес во шест средби на свој терен е со биланс од три победи, едно реми и два порази.
Интересно е дека Реал на последните три гостувања кај Леганес нема победа. Во 2020 година беше 2:2, претходната сезона 1:1, а во јануари 2019 година во пресметка од Купот на Шпанија, Леганес славеше со 1:0.