Постекоглу: Не може секој вака да го победи Манчестер сити

Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, изрази огромно задоволство по победата од 0-4 против Манчестер сити на „Етихад“, оценувајќи го настапот на својот тим како „неверојатен“.

„Горд сум на момците. Да дојдеш и да победиш на теренот на Сити е голем предизвик. Покажавме сè што е потребно: дисциплина, напорна работа и одличен фудбал. Токму играта ни ја донесе разликата. Тоа беше неверојатен настап“, изјави менаџерот на Тотенхем.

Тој потенцираше дека против Сити е неопходно да се биде прецизен.

„Требаше да бидеме немилосрдни пред голот. Тие не ти даваат многу шанси. Покажавме смиреност и зрелост во задржувањето на топката. Сити те тестира на сите начини – ментално, физички и тактички. Оваа година сме многу посилен тим отколку лани. Ни треба само постојаност“, истакна Постекоглу.

Тој посебно го издвои Медисон, кој постигна два гола на натпреварот.

„Не станува збор само за головите. Тој одигра клучна улога во освојувањето на средината на теренот и работеше напорно во одбраната. Помина низ тежок период, но остана со тимот за време на паузата. Овој натпревар беше совршен за него“, заврши менаџерот на Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести