Силекс стигна до вредна победа од 2:0 на гостувањето во Скопје против Шкупи, во 15 коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Дарко Додев беше стрелец на двата гола во првото полувреме и тоа се покажа како доволно за Силекс триумфално да си замине од Чаир.
И останатите водечки екипи беа сигурни во ова коло. На Гостивар му беше доволен еден гол за да освои три бода во дуелот против Тиквеш. Отпорот на гостите беше скршен во финишот од средбата кога интернационалецот од ДР Конго, Елвис Машике погоди во 84 минута.
Работнички беше убедлив и со 4:1 ја победи Беса. Гостите први постигнаа гол во 22 минута, но Романтичарите не се збунија и со добра игра, прво израмнија до крајот од првиот дел, а во второто полувреме одиграа одлично, постигнаа три гола и се радуваа на значајна победа.
Во дербито на дното, Воска и Вардар одиграа без голови, па двата тима сега имаат по 12 бодови на табелата.
Ова коло ќе се комплетира со дуелот меѓу Пелистер и Шкендија, кој се игра од 17 часот.
Резултати: Брера – Струга 1:1, Гостивар – Тиквеш, Работнички – Беса 4:1, Шкупи – Силекс 0:2, Воска – Вардар 0:0.
Табела: Гостивар 30 бодови, Силекс 30, Работнички 28, Шкендија 27 (меч помалку), Струга 26, Шкупи 16, Пелистер 16, Брера 16, Беса 13, Воска 12, Вардар 12, Тиквеш 10 бодови.