Голеада со среќен крај за Ливерпул, Црвените сега имаат осум бодови повеќе од Сити (Видео)

Ливерпул потешко од очекувањата стигна до три бодови на гостувањето кај Саутемптон, во меч од 12 коло на Премиер лигата. За Ливерпул ова беше 10-та победа и со 31 бодови сега има осум повеќе од второпласираниот Манчестер сити, додека екипите на Челзи, Арсенал и Брајтон заостануваат девет бодови зад лидерот.

Фаворитот поведе со голот на Собослаи во 30 минута, откако беше искористена едн агрешка на одбраната на домашниот тим.

Саутемптон успеа да израмни до полувремето. Беше досуден пенал, шутот на Армстронг го одбрани Келер, но топката повторно се одби до домашниот фудблаер кој од втор обид постигна гол за 1:1.

Последнопласираниот Саутемптон направи целосен пресврт кога во 56 минута по еден одлично одигран контра напад Фернандес погоди за 2:1.

Ливерпул беше пред голем предизвик, но покажа зошто е најдобар тим во моментов во Англија. Мохамед Салах е херојот како и многу пати претходно. Голгетерот најпрво израмни на 2:2 искористувајќи го киксот на домашниот голман, а потоа Салах погоди и од пенал за 3:2 и победа на фаворитот.

Саутемптон остана на последното место во Премиер лигата, со само четири освоени бодови од 12 средби.

 

- Оглас -

Најнови вести