Низ фудбалските натпревари ширум светот може да се видат секакви моменти, а за овој викенд во фокусот е автоголот кој беше постигнат во една од англиските пониски лиги. „Мајсторот“ кој успеа да си постигне спектакуларен автогол е некогашниот талентиран чувар на мрежата на Челзи, Џаред Томпсон.
Томпсон сега брани во тимот на Глочестен во шестата лига во Англија, а на гостувањето кај Валсон&Хершам беше одигран неверојатен меч кој заврши 4:4.
Домаќините водеа со 4:0 на полувремето, а првиот погодок всушност беше автоголот на Томпсон, кој ефективно ја затресе сопствената мрежа. Со оглед на тоа дека Глочестер губеше со 4:0 на полувреме, гостите може да бидат презадоволни бидејќи стигнаа до бод откако во второто полувреме постигнаа четири погодоци.
It was that kind of day today… 💨 https://t.co/jYvMq3hF0g pic.twitter.com/iM6ElhZW8X
— Walton & Hersham FC (@waltonhershamfc) November 23, 2024