Шкендија победи во Битола и формираше трилинг на прволигашкиот врв

Шкендија со минимални 0-1 славеше против Пелистер на гостувањето во Битола и се израмни на врвот од табелата со Силекс и Гостивар со по 30 бода. Единствениот гол за тетовци, што значеше и три бода, беше дело на Флорент Рамадани во 36-тата минута.

Ситуацијата на табелата после 15-тото коло е израмнета какако никогаш до сега. Шкендија, Гостивар и Силекс имаат по идентични 30 бода и и идентична гол-разлика од +15, па за пласманот одлучува бројот на дадени голови. На четвртата позиција е Работнички со 28, додека актуелниот шампион Струга со 26 поени е на петтата позиција и тука се затвора круг на екипи кои ќе се борат за титулата и за излез во фудбалска Европа.

- Оглас -

Најнови вести