Слот: Убаво е да сме на врвот, но не треба да се занесуваме затоа што и конкурентите се одлични тимови

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изрази задоволство по драматичната победа од 3-2 на гостувањето кај Саутхемптон, но истакна дека тимот од Мерсисајд мора да остане цврсто на земја и покрај тоа што веќе има осум бода предност пред Манчестер сити на врвот на табелата во Премиер лигата.

Слот има победи на десет од дванаесетте натпревари во шампионатот, а само двапати во историјата на Премиер лигата тим со ваков рекорд не успеал да ја освои титулата.

„Знаеме колку труд треба да вложиме за да ја освоиме оваа лига и да дојдеме до овие победи. Имаше еден или два натпревари кои беа добиени со голема разлика, но сите останати беа тесни. Свесни сме колку е тешко да се добие секој дуел, а овие играчи во Премиер лигата се подолго од мене“, изјави холандскиот стратег на кормилото на Црвените.

„Мислам дека минатата година (сезоната 2022/23), дури и подоцна во сезоната, Арсенал имаше осум бода предност, но Манчестер сити се врати. Знаете дека ако се соочите со тимови како Арсенал, Сити, Челзи или Тотенхем – кои исто така беа одлични (како што покажа победата од 0-4 против Сити) – сите тие можат да победат многу натпревари по ред. Добро е што сега ја имаме позицијата на врвот, но дефинитивно нема да се занесуваме“, додаде Слот.

- Оглас -

Најнови вести