Лестер го отпушти Стив Купер

Англискиот премиерлигаш Лестер го отпушти својот менаџер Стив Купер по поразот од 1-2 против Челзи во Премиер лигата. Купер ја презеде функцијата од Енцо Мареска ова лето, но од стадионот „Кинг Пауер“ заминува само со две победи и еден бод над зоната за испаѓање.

Лестер објави дека и асистентот Алан Тејт, како и тренерот на првиот тим Стив Рандс, исто така се ослободени од своите должности.

„Им благодариме на тројцата за нивниот придонес и им посакуваме сè најдобро во иднина. Тренинзите на првиот тим ќе ги води Бен Доусон, кој ќе биде поддржан од Дани Олкок и Анди Хјуз. Клубот започнува процес за назначување нов менаџер и се надеваме дека тоа ќе се случи што е можно поскоро“, соопштија од Лестер.

Тимот е во серија од четири натпревари без победа во Премиер лигата, а во последниот дуел загубија од поранешниот менаџер Мареска и Челзи. Минатата година Италијанецот ги одведе „лисиците“ до првото место во Чемпионшип.

- Оглас -

Најнови вести