Аморим: Во Англија за една недела повеќе зборував во медиумите отколку за четири години во Спортинг

Манчестер јунајтед не успеа да победи на првиот натпревар под водство на Рубен Аморим. Црвените ѓаволи имаа предност со голот на Маркус Рашфорд постигнат само по 80 секунди игра, но на крајот мораше да се задоволат само со реми (1-1) од гостувањето против Ипсвич.

Менаџерот Рубен Аморим смета дека на неговите фудбалери им е потребна малку повеќе слобода на теренот, а тој многу повеќе би сакал да работи на тренинзите отколку да дава изјави за медиумите.

„Мислам дека моите играчи премногу размислуваа на теренот, загубивме топки без никаков притисок. Но, тие навистина, навистина се трудеа и го сакаа ова… Оваа недела зборував повеќе со медиумите отколку што зборував за четири години во Спортинг. Само сакам да работам со моите играчи. Ништо повеќе. Мислам дека многу брзо сите ќе ја видиме промената“, изјави новиот менаџер на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести