1959 Трабзонспор – Адана Демирспор (18.00)
Двете екипи се во очајна форма, но според квалитетот, Трабзонспор треба лесно да го добие дуелот. Предлогот е дека покрај триумф на домаќинот, на натпреварот ќе бидат најмалку три, а најмногу шест гола.
Предлог тип: 1 & 3-6 (2.08)
3009 Емполи – Удинезе (18.30)
Емполи имаше одлична низа на почетокот на сезоната, но подоцна сепак падна нивниот ритам. На 12 натпревари, домаќинот има гол-разлика 9-10, што значи дека нивните натпревари се тесни, без многу постигнати голови. Нашиот предлог е дека и на овој меч со Удинезе ќе има најмногу по еден гол во двете полувремиња.
Предлог тип: 0-1I&0-1II (1.80)
5601 Ал-Гарафа – Ал-Наср (17.00)
Ова е натпревар од азиската Лига на шампиони, каде што тимот на Кристијано Роналдо има три победи и едно реми на четири натпревари. Ал-Гарафа е тим од Катар, кој сепак нема таков квалитет и се очекува триумф на Ал-Наср, кој во својот состав има неколку големи ѕвезди. Предлогот е покрај победа за Ал-Наср, на мечот да бидат постигнати и од два до пет гола.
Предлог тип: 2 & 2-5 (1.90)
1640 Волендам – Јонг Ајакс (20.00)
Овие две екипи играат неверојатно отворени дуели исполнети со многу голови. Традицијата вели дека на последните пет меѓусебни натпревари биле постигнати најмалку по четири гола, а на три од нив, дури и пет, шест и осум погодоци. Типуваме дека традицијата ќе продолжи.
Предлог тип: 4+ (1.74)
1010 Њукасл – Вест хем (21.00)
Њукасл ја пронајде формата, но тогаш дојде репрезентативната пауза. Еди Хау и неговиот тим се надеваат дека ќе продолжат во ист стил и на дуелот против Вест хем. Напаѓачкиот стил треба да донесе победа, но и најмалку три гола на овој меч против Вест хем.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.03)