Модриќ со потег за почит, му ја испрати Златната топка на млад фудбалер кој е на рехабилитација

Лука Модриќ, кој е спортски идол на многу млади не само во Хрватска, туку и во целиот свет, уште еднаш покажа дека е и човек со големо срце. Капитенот на хрватската репрезентација му ја исполни желбата на младиот фудбалер Иван Шчепина, кој закрепнува во Крапинске Топлице.

Модриќ му ја испрати својата Златна топка освоена во 2018 година на Иван со цел младиот спортист да се фотографира со престижната награда и да најде дополнителна мотивација за побрзо закрепнување.

Покрај Златната топка, Лука му подари на Иван потпишан фудбал и дрес. Младиот Шчепина бил пресреќен, а неговиот татко Даријо ги сподели фотографиите и на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести