Перес: Да не беа земји како Албанија, Уганда, Намибија, Златната топка ќе ја освоеше Винисиус јуниор

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, едноставно не може да го преболи фактот дека неговиот играч Винисиус Јуниор не ја освои Златната топка за 2024 година. Најзначајната индивидуална награда во фудбалот заврши во рацете на Шпанецот Родри од Манчестер сити, а Перес, кој викендов го оддржа Генералното Собрание на Реал Мадрид, меѓу сите теми за кои зборуваше, се осврна и на гласањето за Златната топка.

Перес вели дека новинари од неколку земји кои не му дале ниту еден бод на Винисиус се „виновни“ зошто Винисиус не е освојувач на Златната топка за оваа година.

„Има новинари за кои никој, баш никој не знае дека гласаат оваа година. Без гласовите на новинарите од овие земји, како Албанија, Уганда, Намибија и Финска, Винисиус Јуниор би ја добил Златната топка“, револтирано коментираше Перес.

- Оглас -

Најнови вести