Игрите на конечен тип, но и комбинациите со конечен тип, беа добитната комбинација изминатиот викенд за играчите во Sport Life. Два тикети уплатени во скопската населба Козле, но и на уплатното место Пазар во Охрид, само со 150 вложени денари дојдоа до шестцифрени добивки во Sport Life.
САМО СО 10 НАТПРЕВАРИ И 150 ДЕНАРИ ДОЈДЕ ДО ДОБИВКА ОД НАД 2.000 ЕВРА!
Играч на Sport Life од скопската населба Козле со вложени 150 денари успеа да дојде до добивка од 133.189 денари откако ги погоди десетте натпревари на тикетот. Половина од натпреврите, односно пет, беа одиграни само со конечен тип, а останатите беа комбинирани со голови. Квотите на тикетот се движеа помеѓу 1.71 и 2.45.
ПОБЕДИТЕ НА ФАВОРИТИТЕ ДОНЕСОА ГОЛЕМА ДОБИВКА ОД 1.700 ЕВРА И ВО ОХРИД
Слично како и играчот од Козле, голема добивка викендов имаше и во Охрид, исто со уплата само од 150 денари, на тикет на кој доминира конечниот тип. Играчот на Sport Life од Охрид си доби 105.692 денари откако погоди 13 натпревари, од кои девет се одиграни само со конечен тип. Квотите на овој тикет движеа од 1.35 до 2.40.