Тежок удар за Реал: Винисиус ќе мора да паузира до крајот на оваа година

Реал Мадрид викендов славеше над Леганес со 0-3 на гостински терен, но остана без својот најдобар фудбалер оваа сезона, Винисиус, кој ќе мора да паузира најмалку еден месец. Тоа значи дека Кралевите нема да може да сметаат на Бразилецот до крајот на оваа календарска година.

Бразилецот по натпреварот се пожалил на болки во мускулот на левата нога, а потоа му е констатирана повреда која ќе го оддалечи од терените. Винисиус оваа сезона е најпродуктивниот фудбалер на Реал Мадрид со 12 гола и осум асистенции.

- Оглас -

Најнови вести