6004 Манчестер сити – Феенорд (21 ч.)
Неверојатен е фактот дека Манчестер сити има пет порази по ред, а тренерот Пеп Гвардиола вети дека Граѓаните ќе победат на следниот меч, а тоа е вечерва. Феенорд игра солидно во ЛШ и има две победи и два пораза. Овие два тима играле во 2017 година, кога Сити двапати победил без да прими гол.
Најавите од Англија се дека фудбалерите на сите се подготвени да нападнат од првата минута и може да се очекува конечно крај на очајната низа на англискиот првак.
Предлог тип: 1-1&3+ (1.98)
6008 Интер – Лајпциг (21 ч.)
Интер заедно со Аталанта се единствените два тима кои немаат примено ниту еден гол во ЛШ. Лајпциг е една од петте екипи кои немаат ниту еден бод и ги загуби сите натпревари досега.
Германскиот тим и покрај поразите, игра офанзивно, но секако дека ќе мора да внимава и на одбраната, каде што ќе биде тешко да се сопре налетот на Нераѕурите.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.87)
6003 Баер Леверкузен – Салцбург (21 ч.)
Германскиот првак нема друга опција освен да победи ако сака да остане конкурентен за места во горниот дел од табелата. Салцбург дури и во домашното првенство не игра добро и во последните четири меча има два пораза и две ремија.
Баер Леверкузен е тим кој негува офанзивна игра и може да се очекуваат погодоци во мрежата на гостите.
Предлог тип: Т1 1-2 I & 1-2 II (2.55)
6006 Барселона – Брест (21 ч.)
Брест е најдоброто изненадување во ЛШ сезонава и е на четвртото место со 10 бода. Неверојатно е што овој француски тим во домашното првенство игра многу полошо и ги загуби последните три натпревари, а моментално е на 12-тото место во Лига 1.
Барселона ќе биде без Ламин Јамал, а во двата меча без тинејџерот, каталонскиот гигант не победи (пораз од Соседад и реми со Селта Виго).
Предлог тип: 1-1&2-4 (2.65)
6007 Спортинг – Арсенал (21 ч.)
Спортинг блеска сезонава и има три победи и реми во ЛШ, а во првенството е со перфектни 11 триумфи. Сепак, португалскиот тим остана без тренерот Аморим, кој беше најголем адут, па ќе биде интересно да се види дали ќе успеат да продолжат со победите против ривал како Арсенал.
Предлог тип: Х2&1-3 (2.25)