Моќна кореографија во чест на Исак: Александар Велики го молат да остане (Видео)

Њукасл на свој терен загуби од Вест хем со 0:2 во меч од 12-тото коло на Премиер лигата, а освен погодоците за победа на гостите, средбата ќе се памети и по кореографијата што ја направија домашните навивачи.

Фановите на Њукасл на „Сент Џејмс парк“ направија прекрасна кореографија во чест на голгетерот Александер Исак. Шведскиот репрезентативец игра одлично и е цел на повеќе големи европски клубови, но фановите на Њукасл јасно потенцираа дека тие сакаат голгетерот да остане во нивните редови.

Пред да излезат двата тима од тунелот, на една од трибините во сино-жолта комбинација (боите на шведското знаме) беше направена кореографија на која пишуваше Исак.

На другата трибина, имаше парола на која пишуваше „Александер Велики“ и огромна фотографија со ликот на голгетерот на Њукасл.

Шведскиот голгетер дојде во Њукасл во 2022 година од тимот на Реал Сосиедад, а на 78 натпревари постигна 40 гола, плус седум асистенции.

- Оглас -

Најнови вести