Дефанзивецот на Интер, Карлос Аугусто, само за неколку месеци направи драстична промена во изгледот. Овој 25-годишен фудбалер од Бразил во Интер дојде во 2023 година од Монца.
Додека беше во Монца, Аугусто играше одлично и се стекна со репрезентативен статус во Бразил. Беше цел на повеќе клубови, а се реши да потпише за Интер и тоа не се покажа како најдобар потег. Бразилецот кај Нераѕурите не се снајде најдобро и оваа сезона одигра само три меча.
Додека нема многу време за настап на терен, Аусусто реши да се фокусира на друга работа која не е поврзана со фудбалот. Пред четири месеци Бразилецот започна третман за пресадување коса, а резултатите се импресивни.
Од играч кој едноставно имаше многу малку коса, сега е сосема со „нов“ изглед.
Интер вечерва на свој терен игра против Лајпциг во меч од петтото коло во Лигата на шампионите.