Нема коефициент под 2.10 за денешните пет меча во Квотите на денот

Возбудувањата во Лигата на шампионите повторно се враќаат, а тоа значи дека денешните Квоти на денот се со дуели од елитната лига. Доколку сите пет предлози ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 58.29.

Милан гостува кај Слован во Братислава и тука Росонерите треба да постигнат барем еден погодок во првото полувреме, а на крајот да има минимум три погодоци во мрежата на домаќините. Оваа комбинација се вреднува со 2.10.

Арсенал ќе игра во Лисабон против Спортинг и тука Топчиите е важно да не загубат во пресметка на која двата тима ќе дадат гол за да биде добитна квотата од 2.35.

Интер на „Џузепе Меаца“ е фаворит против Лајпциг и треба да победи во дуел на кој ќе има од два до четири погодоци. Оваа комбинација е со квота од 2.50.

Манчестер сити на свој терен игра против Феенорд. Очекувањата се двата тима да се радуваат на гол, а мрежите вкупно да се тресат најмалку трипати за да биде добитен коефициентот од 2.25.

Баерн Минхен и Пари Сен Жермен е дербито на денот во ЛШ, а комбинацијата за натпреварот во Германија е домаќинот да даде најмалку два погодоци, но и гостите да се израдуваат макар на еден гол. Оваа комбинација се вреднува со 2.10.

- Оглас -

Најнови вести