Еден од клучните фудбалери во најголемите успеси на Манчестер сити изминатите години беше Кевин де Бројне. Белгискиот интернационалец во редовите на Граѓаните пристигна во 2015 година, но договорот му истекува на крајот од оваа сезона, а нов нема да повидок.
„Луѓето ме прашуваат за тоа, но воопшто не се оптоварувам. Среќен сум и само сакам да играм добар фудбал. Никаде не се брзам. Или ќе се договориме или ова ќе ми биде последната сезона во Манчестер сити. Не сум загрижен“, вели Де Бројне.
Манчестер сити во моментов се наоѓа во катастрофална серија од пет порази по ред, а вечерва може да ја прекине на дуелот против Феенорд во Лигата на шампионите.