Ракометарите на Вардар вечерва го играат последниот натпревар од групната фаза на Лигата на Европа. Во Скопје гостува германскиот Мелсунген, кој е голем фаворит според квотите во Sport Life, со квота за победа од 1.17, но и на првиот меч против Вардар покажаа дека се фаворити, со оглед на тоа дека победија со убедливи 34-18.
Скопските „црвено-црни“ и теоретски ги загубија шансите да ја минат групата, со оглед на тоа дека и да победат, но и Порто да загуби од Валур, ќе имаат еденаков број бодови, но екипата од Португалија ќе има подобар меѓусебен скор бидејќи ги доби двата дуела против Вардар.
Денес ширум Стариот Континент се играат вкупно 16 натпревари од последното коло на Лигата на Европа, кое ќе ги даде сите патници во осминафиналето. Сите натпревари се дел од богатата понуда на Sport Life, која може да ја погледнете ТУКА.