Мохамед Салах и Ливерпул се топ-тема во британските медиуми изминатиот период. Договорот на египетскиот репрезентативец истекува на крајот на сезонава и сè уште не е продолжен, а тој самиот изјави дека во моментов е поблиску да си замине отколку да остане на „Енфилд роуд“.
Сепак, медиумите на Островот ја откриваат причината за тензиите. Ливерпул му понудил нов договор на Салах, но краткорочен, додека Eгипќанецот сака договор на четири години. Мо Салах има 33 години, а Ливерпул не планира да му дава рекордна плата до неговата 37-ма или 38-ма година. Токму тука се кршат копјата околу новиот договор, но решението во моментов не е на повидок.