Ги одби Барселона и Ливерпул, па сега се најде на списокот со желби на Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди, ќе биде еден од најбараните фудбалери во следниот период, а тој веќе ги одби понудите од Барселона и Ливерпул. Баскиецот блеска во дресот на Реал Сосиедад и така го привлече вниманието на европските гиганти.

Цената во моментов му е 60 милиони евра, сума што е прифатлива за поголемиот број екипi, а сега веќе се најде и на списокот со приоритети на Реал Мадрид. Кралевите во 25-годишниот Зубименди гледаат замена за Лука Модриќ и веќе пензионираниот Тони Крос, но има еден проблем.

Зубименди одбива да си замине од Баскија и дресот на Реал Сосиедад да го замени со друг. На раководството на Реал Мадрид mu останува да го убеди дека преселбата во главниот град на Шпанија ќе биде вистинскиот потег за него.

- Оглас -

Најнови вести