Револуција во фудбалот: Тренерите ќе носат микрофони на себе?

Вистинска фудбалска револуција се подготвува во Германија откако „Дојче телеком“ објави дека тренерот на третолигашот Викторија Келн, Олаф Јансен ќе биде озвучен со микрофон на првенствениот меч против Оснабрик на осми декември.

Оние кои ќе го гледаат натпреварот на телевизија ќе имаат можност да ја слушаат целата комуникација на тренерот со фудбалерите, неговите совети, но и протестите кон судиите, и сето тоа во живо и во реално време. Ова е пракса на некои од спортовите кои се играат во САД, а сега првпат ќе се тестира на фудбалски меч во Европа.

Доколку експериментот биде успешен, оваа пракса ќе се прошири и на другите екипи.

- Оглас -

Најнови вести